Македонија

Политиката мора да ги тргне рацете од образованието, реагира министерката Јаневска

Многу години наназад образованието било поле каде што се судрувале политички копја, но откога јас сум министер постојано повторувам и јасно дадов на знаење дека политиката мора да ги тргне рацете од образованието, затоа што, не е тоа флоскула туку реалност – образованието е еден од најсилните столбови на државата и е потребно во сите ресори, рече Јаневска.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека не е во ред ако Бадентеровото мнозинство се користи како алатка за постигнување политички решенија, и тоа баш преку образование. Во собраниска процедура се трите закони поднесени од Министерството за образование и наука – за високо образование, за научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование и науката, но се блокирани од албанскиот опозициски блок кој инсистира на Бадентеров принцип при нивното носење.

  • „Нивното донесување е блокирано преку алатката која се вика Бадентер. ​Општо е познато дека таа беше злоупотребувана во минатото и дека Владата сака да направи подобар закон за правична застапеност, што јас лично, повторувам многу пати, го поддржувам максимално, да, треба да бидат заштитени правата на помалите заедници во државата“, рече Јаневска на прес-конференцијата на 6 август, на која беа презентирани резултатите од државната матура.

Одговарајќи на новинарско прашање до каде е Законот за високо образование, Јаневска рече дека ​Законот поминал долготрајна и многу транспарентна постапка во која работната група од Министерството, прифати многу забелешки на академската заедница. Министерката вели дека секогаш ќе има еден помал дел кој ќе биде незадоволен од нешто, но мнозинството од академската заедница го прифати законот таков каков што е.

  • „​Да, за носење на закони од образование треба Бадентер, нели, она што е постоечко, и тоа е како, повторно велам, алатка за заштита на правата, на пример заштита на учењето на мајчин јазик. ​Овие три закони воопшто не влегуваат во таков некаков проблем. Овде зборуваме за мериторни елементи, за организација на високото образование, за квалитетот на професорите, за повеќе практична работа при студиите. Значи, некои елементи кои мора да ги има државата, ако сакаме да имаме одржливо високо образование и квалитетен кадар, и не е флоскула, на луѓето кои во иднина треба да ја водат и чуваат оваа држава. ​Немам ништо против во Собранието и натаму многу да дискутираме, но треба да почнеме да дискутираме, многу да дискутираме за секој член поединечно, со тоа што Владата има право на своја владина политика. Она што законите го бараат не е на штета на никого, туку е во корист на младите луѓе и во корист на наставниот кадар“, образложи министерката.

Притоа, потенцира таа, во законот има само подобрување на квалитетот – на наставниот кадар, на условите за учење, можностите кои ќе ги добијат студентите, можностите кои ќе ги добијат наставниците.

  • Иако, нели, имаше многу дискусии во однос на критериумите за избор, сè е тоа надминато оти имавме толку широка и долготрајна расправа, и на ЕНЕР, и писмена и усна, што сметам дека поголемиот број од академската заедница навистина ги прифаќа законите. Секогаш има луѓе кои ќе најдат некаква мана. Оттука сметам дека ќе надвладее разумот и дека Собранието ќе собере сили да ги надмине политичките прашања, односно да не бидат овие три закони прашања со кои ќе се решава некое друго прашање. Сите прашања треба да ги реши државата, на полесен, можеби и на потежок начин, но не смее во решавањето на други прашања да се вметнува и образованието. Особено затоа што ние, навистина, малку доцниме и немаме време да вметнуваме и да се расправаме политички за нешто што е толку многу значајно. Јас сум длабоко убедена дека ќе надвладее разумот затоа што, повторувам, во корист е на сите млади во земјава, вели Јаневска.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top