Македонија

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски

Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

„Кога зборуваме за постапката за именување на амбасадори и генерални конзули, таа во одредена фаза е класифицирана и не смеам да коментирам за имиња. Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе постапката е во фаза да таа веќе не е класифициран податок и можам јавно да споделам дека наш амбасадор во Бугарија ќе биде амбасадорот Крум Ефремов, професионален дипломат, еден од поквалитетните, би рекол, дипломати според мое мислење, иако имаме одлични колеги во рамките на МНР, но навистина квалитетен наш дипломат, актуелен директор на Директоратот за економска дипломатија во Министерството, којшто служел како наш амбасадор во Украина во минатото и тој ќе биде наш амбасадор во Софија. Во моментот течат подготовките за негово заминување во Софија“,  рече Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top