Македонија

(Видео): Скопје испраќа нов амбасадор во Софија

Крум Ефремов ќе биде нов амбасадор во Софија, во тек се подготовките за негово заминување. Продолжуваат разговорите за евроинтеграциите и односите со Бугарија, изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Скопје наскоро ќе добие нов амбасадор во Софија. Кариерниот дипломат Крум Ефремов се подготвува да ја преземе функцијата шеф на македонската дипломатска мисија во Бугарија. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунскинајави дека паралелно продолжуваат разговорите за надминување на спорот со Софија и деблокирање на европскиот пат кон ЕУ, при што остануваат непроменети црвените линии на државата. Ефремов е кариерен дипломат со повеќе од 20 години искуство во Министерството за надворешни работи, каде што беше директор за економска и јавна дипломатија, а воедно беше и македонски амбасадор во Украина.

Муцунски на прес-конференција во Скопје рече дека се во тек подготовките за неговото заминување, со што ќе биде пополнето амбасадорското место што остана испразнето по завршувањето на мандатот на Агнеза Руси-Поповска во мај годинава.  Со неговото заминување во Софија, непополнети остануваат уште десетина амбасадорски позиции од вкупно 59 дипломатски претставништва.

Ефремов ќе ја преземе функцијата во период кога се прават обиди за надминување на разликите меѓу Скопје и Софија и за деблокирање на евроинтеграцискиот процес на Македонија. Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање дали има напредок во разговорите за надминување на спорот со Бугарија, кој го блокира европскиот пат на земјата, посочи дека дијалогот постојано се одвива.

  • „Дијалог постои од моментот кога е формирана оваа Влада. Имало периоди кога бил поинтензивен и периоди кога бил помалку интензивен, но нема момент кога не сме разговарале за изнаоѓање праведно и одржливо решениево рамките на позициите што ги имаме“, изјави тој.

На прашањето дали има сигнали од Софија за можни отстапки и дали македонската страна е подготвена на компромиси, Муцунски истакна дека црвените линии остануваат непроменети.

  • „Црвените линии на нашата држава се поврзани со нашиот идентитет, јазик, култура и историја. Тоа се позициите што ги претставуваме во сите разговори што ги водиме. Не е праведно нашите пристапни преговори со ЕУ постојано да се блокираат поради прашања поврзани со идентитетот, јазикот, културата и историјата“, рече министерот.

Тој додаде дека Македонија очекува гаранции од европските институции, почитување на принципот на реципроцитет во делот на човековите права и решение што ќе обезбеди заштита на националните позиции. Муцунски изјави дека во изминатите недели немало поконкретни разговори поради летните одмори во земјите членки на Европската Унија и во европските институции, но очекува во наредниот период тие да се интензивираат. Во тој контекст, тој најави дека во официјална посета на Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Чешка, Петр Мацинка. На средбите ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, европската перспектива на земјата, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања.

Најнови вести од: Македонија

Леон Мерсовски, Македонец, Муслиман, Вмровец кој не гледа противречност меѓу овие работи

Не сум Македонец со фуснота. Не сум Македонец под услов. Не сум половина Македонец. Не сум должен да положам дополнителен испит за македонство затоа што сум роден и воспитан во исламска вероисповед.
Јас сум Македонец.
Точка.

„Да бев богата, ќе им дадов сè што имам“: Ведрана Рудан ја посвети својата најнова колумна на медицинските сестри

Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Во текот на животот беше препознатлива по остриот, провокативен и често контроверзен стил, а во интервјуата, книгите, колумните и јавните настапи остави зад себе бројни изјави кои и денес се прераскажуваат.

To top