Македонија

Македонија меѓу осум нечленки на ЕУ што ѝ се приклучија во новите санкции за Белорусија

Калас ја поздрави одлуката на овие држави да застанат зад мерките на Брисел кон Минск поради соработката со Русија во војната со Украина

Македонија и уште седум земји од Европа што не се членки на Европската унија им се приклучија на санкциите на Брисел против Белорусија.

Покрај Македонија, на листата се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Украина, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои ќе ги усогласат своите национални политики со одлуките на Советот на ЕУ усвоени во јули.

Новите санкции ги прошируваат ограничувањата за стоки и технологија што би можеле да ги зајакнат воените, технолошките, одбранбените или безбедносните сектори на Белорусија.

Мерките, исто така, вклучуваат дополнителни ограничувања за увоз на стоки кои можат да ѝ обезбедат на Белорусија алтернативни извори на приход, како и проширување на ограничувањата поврзани со учеството на Белорусија во компании со крипто-средства со седиште во ЕУ.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ја поздрави одлуката на осумте европски земји кои не се членки на блокот да се приклучат на санкциите на ЕУ против Белорусија, пренесе Ројтерс.

ЕУ ги оправдува санкциите со учеството на Белорусија во руската агресија врз Украина, како и со тековните постапки на белоруските власти, кои довеле до меѓународни критики и санкции.

Најнови вести од: Македонија

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

„Сведоци сме дека сите војни почнуваат со тргување на историите и митовите, а потоа почнуваат одземањата на личните приказни, веднаш штом ќе се исцртаат новите поствоени граници. Моите предци одлучиле да им биде одземен домот наместо личните приказни и така ме задолжија да се сеќавам без да мразам, да пишувам без да верувам во изделканите истории. Затоа што постојат личните приказни прераскажани од гласовите што не се составени од коски, туку од вистини кои не можат да се кремираат или да се изложат пред црвите на времето“, вели најуспешниот современ македонски поет, чија поезија стана препознатлив дел од модерната светска поетска сцена, без да мора читателот прво да знае многу за Македонија.

Дете (13) тепано брутално од 15 малолетници на плоштадот во скопско Влае и со метален предмет – скршени му се забите и нанесени сериозни повреди

Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група малолетници во скопската населба Влае, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Според сведоштва, во тепањето бил употребен и метален предмет. Нападот се случил во саботата, на плоштадот „Делфина“, околу 00:30 часот. Според информациите што се […]

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

Најнови вести

To top