Македонија

Ангелов: Тешка и ризична битка со пожарите

Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор. Од кои покрај трите активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати

 

 

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК ) утрово информираа дека активен пожар во близина на селото Крушевица се шири во два крака  – едниот кон село Зовиќ, а другиот кон село Крушевица.

Во изјава дадена ноќеска на полноќ, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека борбата со пожарот била тешка и ризична.

Тој  информираше дека пожарникарите и екипите на терен успеале да го сопрат огнот и да го повлечат под патот, со што е намалена опасноста за селото Крушевица.

Според ЦУК, освен пожарот во регионот на село Чаниште активни се и уште два пожари. Мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај село Локвица.

Под контрола е  пожарот на депонијата во Делчево, додека пак, од изгаснатите пожари, два биле на територија на општина Ѓорче Петров, два во регионот на Сарај, два во Штип, по три во Долнени, Кичево и Гостивар, по еден во Аеродром, Арачиново, Могила, Новаци, Радовиш, Струмица, Чашка, како и еден што бил и на територија на Велес и на Зелениково.

Пожарникарите изгаснале пожари и во Виница, Кочани, Липково, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце, Брвеница, Тетово, Јегуновце.

Горела и мешана шума во општините Јегуновце и Сарај. Прво на територија на селата Копанце и Туденце во општина Јегуновце, а потоа пожарот се проширил и кон селото Бојане во општина Сарај

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top