Македонија

ДУИ сака предвремени избори

Да се распушти Собранието, да се определи датумот, да одиме на избори“ – се вели во соопштението на интегративците

 

Демократската унија за интеграција  ја поздравува подготвеноста изразена од премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку опозицијата го побара тоа.

„Ние го бараме тоа. Конечно, премиерот сфати дека оваа ситуација е неодржлива и дека на земјата ѝ е потребен нов политички мандат“, се вели во соопштението на ДУИ..

ВРЕДИ: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар или Артан од домашен притвор?

Владата го изгуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, деградацијата на меѓуетничките односи, кршењето на Охридскиот договор и слабеењето на застапеноста на Албанците во институциите.“

Од партијата на Али Ахмети бараат изјавата на премиерот веднаш да се претвори во конкретно дејствување.

„Бараме во наредните денови да се утврди најбрзиот уставен рок, да започнат изборните подготовки и на граѓаните да им се даде можност да одлучат за насоката во која ќе се движи државата.

Доколку понудата на премиерот е сериозна, нема причина за одложувања, изговори или политички калкулации. Опозицијата го даде својот одговор. ДУИ е подготвена. Да се распушти Собранието, да се определи датумот, да одиме на избори“ – се вели во соопштението на интегративците.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Заштита на македонските национални интереси и на Македонците и другите граѓани вон границите, но и економската дипломатија – наши стратегиски приоритети

Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет, на кој треба да се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа средба со премиерот е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување во врска со нашите клучни стратегиски национални интереси.

За пет месеци од патарина инкасирани над 31 милион евра

Според собраните средства и цената на билетите највисоки приходи има на Романовце, по што следуваат Миладиновци, Петровец, Глумово, Желино, Тетово, Стоби, Преод, Гостивар, Сопот, Гевгелија, Кадрифаково, Отовица, Демир Капија

Мицкоски: Треба неколку пати да се размисли пред да се направи каков било чекор во врска со евроинтеграциите

Се сеќавам на таа 2018 година кога насила се туркаше промената на уставното име и многумина од европските дипломати нè убедуваа дека прозорецот е отворен, дека сега е моментот – а сега сме на истото место каде што бевме пред 2021 година, вели премиерот

Утрово активни пет пожари од 37 регистрирани за 24 часа

На барање од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово,  а против огнената стихија се ангажирани и триесетина војници

Зеколи: На 26 август камен-темелник на втората фаза од автопатот Скопјe-Блаце

Заменик-министерката за транспорт, оствари средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Република Косово, Димал Баша, на која фокусот беше ставен на стратешките инфраструктурни проекти што ги поврзуваат двете соседни земји

To top