Македонија

Се засилува фронтот против незаконското трошење на народните пари

Нашата обврска е секој денар од домашните буџетски средства, како и секое евро од европските фондови, да биде потрошено законски, наменски, одговорно и во интерес на граѓаните, изјави Димитриеска Кочоска по потпишувањето на меморандумот.

Изградба на систем кој е отпорен на влијанија и кој гарантира законско и наменско трошење на парите на даночните обврзници треба да овозможи соработката меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија дефинирана во меморандум, што го потпишаа министерката Гордана Димитриска Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски. Двете институции се обврзуваат на побрз трансфер на информации при сомнежи за измами и незаконски активности насочени против финансиските интереси на државава и на Европската Унија.

  • Нашата обврска е секој денар од домашните буџетски средства, како и секое евро од европските фондови, да биде потрошено законски, наменски, одговорно и во интерес на граѓаните – изјави  Димитриеска Кочоска по потпишувањето на меморандумот.

Според неа, ова партнерство не е само административен чекор, туку суштинска реформа, која дава основа за подобра координација, поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните средства.

Според министерката,  оваа соработка има директно значење и за успешноста на евроинтеграцискиот процес. Таа потенцира дека размената на информации и координацијата во областа на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, се особено важни за унапредување на реформите и за подготовката и спроведувањето на препораките од Европската комисија.

  • Нашата цел е  да продолжиме со целосно усогласување и примена на меѓународните стандарди на врховните ревизорски институции – ISSAI и со постојано јакнење на системот на јавна финансиска контрола –  рече Димитриеска -Кочоска.

Главниот државен ревизор Ацевски, пак, оцени дека со Меморандум се воспоставува бескомпромисен систем кој гарантира дека секој денар од даночните обврзници е заштитен од неправилности и измами.

  • Со оваа соработка, ние не само што ја подигнуваме транспарентноста и отчетноста на највисоко ниво согласно европските вредности, туку директно го подобруваме квалитетот на услугите за граѓаните, осигурувајќи дека средствата на даночните обврзници се користат наменски во насока на испорака на квалитетни, навремени и континуирани услуги на граѓаните – рече Ацевски.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top