Македонија

Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“

Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, денеска, ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, кој е во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец.

– На 20 август, во Пустец, заедно ќе ја прославиме македонската традиција, култура и фолклор. Ве покануваме на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа 2026“ — вечер исполнета со македонски ора, песни, носии и традиција. Ве очекуваме да бидеме заедно и да покажеме дека македонскиот дух живее и се слави, објави Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“.

Додава дека оваа значајна манифестација се одржува под мотото „Македонија обединува“, од каде ќе се испрати пораката дека „фолклорот ги чува корените, традицијата ја гради иднината”.

-Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ повторно ги обединува Македонците преку песната, орото и вековната традиција. Ќе настапат фолклористи од Република Македонија или Вардарска Македонија, Егејска и Пиринска Македонија и Мала Преспа. Македонската песна ќе одекне, ќе се вие македонско оро а нашата традиција ќе нè обедини како едно, изјави за МИА, Темелко.

Фестивалот почнува во 18 часот, а покрај КУД и фолклорни групи ќе настапат и Блага Петревска и Круме Спасовски.

Најнови вести од: Македонија

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

Ајварот, струшкиот вез, ратевските бамбурци и чалгиската музика се новото заштитено културно добро на Македонија

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) изминатиов период интензивно работи на впишување на нови нематеријални добра на национално ниво, амбицирајќи се да ја достигне симболичната бројка на 100 впишани нематеријални добра во Главната книга (дел III) од Националниот регистар.

Се засилува фронтот против незаконското трошење на народните пари

Нашата обврска е секој денар од домашните буџетски средства, како и секое евро од европските фондови, да биде потрошено законски, наменски, одговорно и во интерес на граѓаните, изјави Димитриеска Кочоска по потпишувањето на меморандумот.

Ако може плажа на Сена во Париз, зошто не на Вардар во Скопје?

Водата од реката Вардар се употребува за наводнување на дел земјоделски површини со што се загадуваат земјоделските производи, а тоа влијае на здравјето на луѓето што ги консумираат, пишува професорот на Машинскиот факултет во Скопје, Ристто Цицонков.

Најнови вести

To top