Хроника

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра

Го довел во заблуда дека ќе му помогне за лекување на член на неговото семејство

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 14 часот во ОВР – Кавадарци, 37-годишен кавадарчанец пријави дека од ноември 2025 година до пријавувањето бил измамен за сума од 3.200 евра од М.А. Според пријавеното, тој го довел во заблуда дека ќе му помогне за лекување на член на неговото семејство за што му ги дал парите – информираа од СВР – Велес.

Како што додадоа од СВР – Велес, се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Најнови вести од: Хроника

Скандал со лажни „кубански вакцини против рак“ во Велес: Осомничениот измамил повеќе граѓани, Обвинителството спроведува истрага и претреси

Основното јавно обвинителство Велес води истрага против едно лице осомничено дека измамило повеќе граѓани, нудејќи им наводни „кубански вакцини“ против рак, со цел да прибави противправна имотна корист. Против осомничениот е оформен предмет за кривичните дела „измама“ и „надрилекарство“.

To top