Македонија

И Австрискиот амбасадор Памер револтиран по вандализмот на Шар Планина

Прашање е дали уште треба да поддржуваме вакви проекти

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочарување за уништената зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката за планинарење Попова Шапка – Титов Врв. Дипломатот објави дека земјите од Вишеградската група – Австрија, Словачка и Чешка во иднина ќе се запрашаат дали вреди да се поддржуваат вакви проекти.

Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. Значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништен, оштетен или отстранет.

Зимската маркација беше дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски патеки во Македонија“, финансиски поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, како и од Скопска Пивара, а имплементиран и финансиски поддржан од компанијата Одржливи Авантуристички Патувања и Организацијата за одржлив развој САТ Скопје, во соработка со Планинарската федерација на Македонија (ФПСМ).

Реагираше од Амбасадата на Австрија во Скопје од каде на социјалните мрежи напишаа дека станува збор за вандализам и најголемо ниво на деструкција, но дека Австрија ќе продолжи да ги поддржува овие проекти кои се за општо добро.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да градиме подобро утре за нашите деца и сите граѓани

„Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

To top