Македонија

Доби кривична: Македонската дозвола ја заменил во Германија, па со лажна потврда извадил нова

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.У. поради сомнение за поднесување лажни докази и фалсификување исправа

Кумановец е осомничен дека во Германија ја заменил македонската со германска возачка дозвола, а потоа со фалсификувана потврда добил нова македонска дозвола.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.У. поради сомнение за поднесување лажни докази и фалсификување исправа.

Според МВР, пријавениот ја заменил македонската возачка дозвола со германска, а при постапката за повторно издавање македонска дозвола приложил фалсификувана потврда во Одделението за возила и возачи во Куманово.

Врз основа на приложената потврда му била издадена нова македонска возачка дозвола.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top