Здружението на сточари алармира дека болеста на сипаници кај овците предизвикува големи материјални штети и ја загрозува егзистенцијата на десетици сточари во земјава, бидејќи состојбата на терен е критична, е доцни реакцијата на надлежните институции засега е задоцнета.
Според претседателот на Здружението на сточари, Насер Џемаили, штетите веќе го зафатиле источниот дел од земјата, каде што над 100 сточари ги изгубиле своите стада.
Од друга страна, заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа вели дека бројот на активни жаришта е намален од 30 на 11. Тој вели дека од Турција се побарани 500 илјади дози вакцини, но процесот на вакцинација останува во мирување поради координацијата со Европската Унија и ризикот од блокирање на извозот на месо.
Проблемот не е само во Македонија. И соседна Грција се соочува со една од најголемите сточарски кризи која до уништување на повеќе од 400 илјади грла добиток.
За да се спречи ширењето на болеста во целиот блок, Европската комисија воведе строги рестриктивни зони во Грција, затворање на кланиците и забрана за движење на месо и млеко.
Оваа состојба служи како предупредување за соседните земји доследно да ги применуваат мерките за карантин и гранична контрола.