Македонија

Владата го решава проблемот на превозниците со Шенген-правилата

Вицепремиерот и министер за транспорт рече оти тоа се прави и дека веќе се постигнати договори со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе се работи и на договори со други држави од Шенген-зоната.

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, изјави вицепремиерот Александар Николоски. Тој најави дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот.

  • Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји – рече Николоски.

Тој информира дека за септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во средба во октомври ќе има и со словенечката влада.

  • Така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени – рече Николоски.

Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери.

  • Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија – рече Николоски.

Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.

Како што наведе Николоски, станува збор за правила кои ги уредува Шенген-зоната и она што тие како извршна власт во земјава можат да го направат и го прават е да помогнат преку потпишување билатерални договори со земјите од Шенген.

Вицепремиерот и министер за транспорт рече оти тоа се прави и дека веќе се постигнати договори со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе се работи и на договори со други држави од Шенген-зоната.

Како што прецизира тој, договори веќе има со Швајцарија, Хрватска и Романија, а во септември и октомври се најавенби средби со австриската и словенечката влада за постигнување вакви билатерални договори.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top