Македонија

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион

Околу 1.000 до 1.100 хектари засадени главно со тутун, но и со сончоглед, пченка и пиперки, се уништени од вчерашното силно невреме

Околу 1.000 до 1.100 хектари засадени главно со тутун, но и со сончоглед, пченка и пиперки, се уништени од вчерашното силно невреме кое во попладневните часови го зафати долненскиот регион. Градот со големина на орев и силниот ветер на некои места родот го уништил и до 100 проценти. Земјоделците стравуваат дека приносите значително ќе им бидат намалени, а ќе претрпат и финансиска штета бидејќи на најголемиот дел од нив производството не им е осигурено.

„Состојбата е катастрофална. Значи, сега само што пристигнав од терен. Бев во посета на атарите на Дебреште, Ропотово, Заполжани, Лажани, Новоселани, а најкатастрофално е во Новоселани и Заполжани… Има тутуни кај што се оштетени 100%, значи не можат да влезат. Од градот има поплавени површини, полегнато тутуни, така што навистина е загрижувачка состојбата таму од невремето што е направено вчера“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Заради сè почестите катастрофални невремиња, од Сојузот велат дека ќе бараат итно да се врати можноста при склучувањето договори за откуп да се склучуваат и осигурителни договори.

„Ќе бараме сега, на првиот состанок во Министерството за земјоделие да го вратиме стариот закон – при самото склучување на договорите за тутун да бидат склучени и договорите за осигурување во осигурителните компании. Така што, со тоа за дел од загубата што ќе ја имаат, да бидат обесштетени“, објаснува Ристески.

Освен во Долненско, вчерашното невреме значителни штети направи и во атарите на прилепските села Мало и Големо Коњари. Од Сојузот им сугерираат на сите оштетени земјоделци – штетите да ги пријавуваат во своите општини. Но, сепак, според нив, најдобра мерка за во иднина ќе биде – осигурувањето на родот, бидејќи не постои друг механизам за заштита од силните, уништувачки невремиња. Враќањето на некогашните градобијни ракети повеќе е невозможно заради бројните авионски прелети на нашето небо, но сè уште може да се помогне со превентивно авионско распрскување на облаците кои носат град, а кое како можност беше воведено пред неколку години, потенцираат од Сојузот.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

To top