Македонија

Градоначалникот на Скопје Ѓорѓиевски: Потпишан е договорот за набавка на 150 електрични автобуси

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје информираше дека е потпишан договорот за набавка на 150 електрични автобуси. Набавката ја спроведе централната власт, договорот е потпишан со унгарската фирма „Икарус“. Ова го објави „Плус инфо“.

Натаму порталот пишува: – Сум ги видел автобусите, ултрасовремени. Нашите тимови веќе работат на двете позиции, Автокоманда и Ѓорче Петров, каде ќе се поставуваат полначите за електричните автобуси – рече Ѓорѓиевски. Тој најави дека наредната недела ќе биде распишан тендерот за проектирање и изградба на трасата за системот БРТ за брзиот автобуски превоз.

Тендерот за нови автобуси го спроведе Министерството за транспорт и врски. Ова беше трета јавна набавка по ред, откако првите две беа поништени. Министерот Александар Николоски пред еден месец кога заврши тендерот рече дека првите 30 автобуси ќе стигнат до крајот на декември. Според условите во тендерската документација, планирано е сите 150 автобуси да бидат испорачани во рок од 18 месеци.

Проценетата вредност на целокупната набавка, според огласот објавен на Бирото за јавни набавки, изнесува околу 51 милион евра. Од 150 автобуси, 100 ќе бидат за Град Скопје, а останатите 50 за другите градови.

Новите автобуси значително ќе го подобрат квалитетот на јавниот превоз во Скопје. Патниците повеќе години наназад се соочуваат со нередовен превоз, а ЈСП „Скопје“ нема доволно возила за да ги задоволи потребите на градот, објави „Плус инфо“.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top