Македонија

Нов мост и кружен тек во Сарај – изгласан ребалансот на буџетот на Скопје

Нов влез во македонскиот главен град предвидува ребалансираниот буџет на главниот град изгласан денеска

Нов влез во Скопје со нов мост и кружен тек во Сарај е најголемиот инфраструктурен проект предвиден со изгласаниот ребаланс на буџетот на македонскиот главен град.

♥️ Изгласан новиот ребаланс на буџетот – нов мост и кружен тек во Сарај, нов влез на Скопје, нови улици и уште многу други проекти!
🫡 Повеќе капитални инвестиции, поголема поддршка за граѓаните и историско намалување на обврските – тоа се резултатите од одговорното и домаќинско управување со Град Скопје.
💰 Со ребалансот го зголемуваме Буџетот за дополнителни 61,76 милиони денари, со што основниот Буџет на Град Скопје достигнува рекордни 5.324.649.755 денари.
✔️ Ова е резултат на остварените заштеди, финансиската дисциплина и кратењето на непродуктивните трошоци.
Во минатото ребалансите значеа кратење на инвестициите и создавање нови долгови.
🫵 Ние покажавме дека може поинаку – нашиот ребаланс носи нови проекти и поголема поддршка за граѓаните.
❗️ Обезбедуваме:
– Нови 61 милион денари за Европската престолнина на културата – Скопје 2028.
– Нов капитален проект за изградба на мост и улица што ќе ги поврзат Ѓорче Петров и Сарај и ќе создадат нов влез во Скопје, за што во Развојната програма се предвидени 420 милиони денари.
– Дополнителни средства за онколошките пациенти.
До почетокот на август пристигнаа 1.265 уредни барања и сите беа исплатени.
Средства ќе има и за секој пациент што ќе поднесе барање до крајот на годината. Никој нема да биде изоставен!
– Нови клупи и столчиња, ИТ-опрема, училишни кабинети, игралишта и фитнес-зони, како и средства за ски-викенд за средношколците по успешната реализација на бесплатниот летен камп.
– Нови 25 милиони денари за реконструкција на помалите улици во скопските општини и 10 милиони денари за чистење на депониите.
✔️ Истовремено, додека ги зголемуваме Буџетот и инвестициите, ги намалуваме наследените обврски.
🏢 За само девет месеци, вкупните обврски на Град Скопје, јавните претпријатија, културните установи и средните училишта ги намаливме за 60,2 милиони евра!
🗓️ Заклучно со 27 август 2026 година, Град Скопје ги намали тековните обврски за 322,1 милион денари и за дополнителни 743 милиони денари по основ на кредити, неисплатени експропријации, изгубени судски постапки со камати и судски трошоци, неисплатени субвенции и преземени програмски активности.
💰 Обврските се значително намалени во сите јавни претпријатија:
– „Водовод и канализација“ – за 1,66 милијарди денари – ЈСП „Скопје“ – за 634,9 милиони денари – „Комунална хигиена“ – за 122 милиони денари
– „Паркови и зеленило“ – за 113,9 милиони денари – „Градски паркинг“ – за 52,9 милиони денари – „Улици и патишта“ – за 31,9 милиони денари
🎭 Половина од културните установи се целосно раздолжени, а кај останатите обврските се значително намалени.
Музејот на Град Скопје, кој минатата година имаше сериозни долгови и исклучена струја под раководство на кадри предложени од Левица, денес има нула денари обврски.
КИЦ, кој беше препознатлив по долгови, репрезентации и конгреси на ДУИ и Левица, до крајот на септември ќе има нула обврски, додека ДКЦ и Културниот дом „Кочо Рацин“ веќе се целосно раздолжени.
МКЦ ги намали обврските за 7,6 милиони денари, а обезбедени се средства за Планетариумот, киното „Милениум“ и е-спорт центарот. Зоолошката градина ги намали обврските за околу пет милиони денари, а Градската библиотека за 2,5 милиони, со дополнително намалување од 2,5 милиони денари до крајот на годината.
🫡 Заклучно со вториот квартал, обврските беа намалени за речиси 55 милиони евра, а до 27 август намалувањето достигна 60,2 милиони евра.
И додека ги враќаме старите долгови, инвестираме повеќе од кога било!
📜 По најдобриот прв квартал во историјата на Град Скопје, зад нас е и најдобриот втор квартал според реализацијата на капиталните проекти.
Тоа го постигнавме и покрај наследената задолженост од речиси 300 милиони евра и девастираните јавни претпријатија.
🌉 Ги откочивме инфраструктурните проекти што не беа реализирани цели два мандата и започнавме голем број нови проекти.
Капиталната реализација во вториот квартал изнесува 706,3 милиони денари – повеќе од вкупната реализација во првите три квартали од првите години на Петре Шилегов и Данела Арсовска, која изнесувала 330,3 милиони, односно 368,4 милиони денари, земени заедно.
❗️А според резултатите во јули и август, уште сега најавувам – следува и најдобриот трет квартал во историјата на Град Скопје!
Не создаваме нови долгови, ги враќаме старите.
Не ги кратиме капиталните инвестиции, ги зголемуваме.
🌆 Секој денар го насочуваме кон граѓаните и развојот на Скопје.
❤️ Продолжуваме уште посилно, со работа, резултати и јасна визија за иднината на нашиот град!“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Пивара Скопје, со брендот „Роса“, и Бамби, со својот бренд „Плазма“, ја продолжуваат заедничката општествено одговорна иницијатива насочена кон поддршка на семејствата и одбележување на еден од најзначајните моменти во детството: тргнувањето во училиште. Оваа иницијатива, која првпат беше успешно започната минатата година, повторно ќе им овозможи на семејствата чии деца овој септември тргнуваат во прво одделение да добијат пригодно подарок-пакетче по повод почетокот на новата учебна година. Акцијата се темели на заедничката определба на двете компании и нивните партнери да придонесуваат за добросостојбата на заедницата и да им дадат поддршка на семејствата во овој важен период од животот на секое дете.

To top