Бизнис

Македонија добива оператор за пазарот на гас – Владата отвори пат кон поконкурентен пазар

Владата донесе одлука да се забрза формирањето на оператор за пазарот на природен гас, а работата ќе ја преземе МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој треба да ја започне целата постапка и да подготви план за тоа како практично ќе функционира новиот пазарен оператор.

Владата планира да формира оператор на пазар на природен гас. За таа цел Владата веќе ја разгледала и усвоила Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и донесла соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување, информира Министерството за енергетика. Правната рамка за организирање и управување со пазарот на гас како регулирана енергетска дејност од јавен интерес е поставена со Законот за енергетика уште во 2018 година. Постапката, според заклучоците на владата ќе треба да ја почне МЕМО со изготвување сеопфатен план кој ќе ги опфати сите организациски, технички, ИТ, легислативни и финансиски параметри. МЕМО е оператор на пазарот на електрична енергија во земјава.

При изборот на модел за оператор на природен гас, анализирани се искуствата на регионалните пазарни модели (од целосно либерализирани системи како Австрија и Унгарија, до хибридни модели во Грција, Хрватска, Бугарија и Романија), по што е одлучено дека најадекватно решение е да се воведе интегриран оператор на пазар на електрична енергија и на природен гас. Со што на МЕМО би му се дале дополнителни надлежности и за организирање пазар на природен гас.

  • Воспоставувањето на нов, посебен субјект би барало долготраен период за имплементација, високи административни и оперативни трошоци и комплицирани процеси. Од друга страна МЕМО ДООЕЛ Скопје веќе располага со функционална ИТ-платформа, развиен систем за пазарно порамнување и докажана експертиза во управувањето со енергетски пазари. Доделувањето на надлежноста за пазарот на гас на МЕМО ДООЕЛ претставува најрационално, најповолно и најбрзо решение, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека овој пристап е целосно во согласност со европските практики за транзициски пазари и овозможува постепено создавање на интегриран (комбиниран) пазарен оператор за електрична енергија и природен гас – велат од Министерството за енергетика. Потребата од воспоставување оператор на пазар на природен гас произлегува и од фактот што земјата забрзано гради гасни интерконектори.

  • Овие проекти ќе овозможат пристап до нови извори на снабдување (вклучително и LNG терминали) и нов бран на трговски текови. Без функционален пазарен оператор, ефикасното користење на оваа нова инфраструктура би било оневозможено. Затоа, воспоставувањето на операторот овозможува премин од почетната фаза на либерализација кон созревање на гасниот пазар, формирање на транспарентни и пазарно засновани цени, како и воведување на ефикасни балансни механизми во корист на учесниците на пазарот и крајните потрошувачи, велат од Министерството за енергетика.

Со овој чекор, Министерството и државата директно ги исполнуваат преземените обврски од европската регулаторна рамка и целите на Енергетската заедница за целосна интеграција со регионалните пазари. Дополнително, со искористување на капацитетите на МЕМО ДООЕЛ Скопје се обезбедува максимална заштеда на јавни средства и ресурси, гарантирајќи брз, оперативен и сигурен премин кон соодветна организација на пазарот.

Најнови вести од: Бизнис

Бизнисот постојано бара работници, додека 88.500 граѓани „молат Бога да не најдат“

Анкетата на АВРМ открива јаз меѓу потребите на компаниите за среден стручен кадар и образовниот профил на активните баратели. Од Владата велат дека невработеноста паѓа, но и граѓаните да се поажурни ако сакаат добри примања.

(Видео): Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет, рече премиерот за дата-центрите

Прашањето за изградба на дата центри во Македонија ја отвори дилемата – дали станува збор за развојна шанса или за ризик за ресурсите? Власта вели дека тоа е иднината на светот.

Угинати 196, а евтаназирани 7.316 овци и кози поради сипаници

Според нивните процени, од почетокот на кризата се уништени меѓу 40 и 50 стада, а секојдневно се појавуваат нови жаришта. Најпогоден е источниот дел од земјава, додека одгледувачите од југозападниот регион стравуваат дека болеста може да се прошири и во областите во кои сè уште нема потврдени случаи.

Најнови вести

To top