Свет

Зеленски: Срамно е Украинци да пукаат едни во други среде Киев

„Тука, во Украина, може да се пука само кон руските окупатори за да се одбрани земјата“, порача претседателот

 

Во своето синоќешно обраќање, претседателот на Украина, ја одсуди вчерашната апсолутно срамна ситуација меѓу припадници на Воената разузнавачка служба (ДИУ) и на безбедносната служба на Украина (ССУ), пренесуваат странски метиуми.

Во престрелката меѓу украинските безбедносни служби загина едно лице , а двајца други беа ранети.

Припадници на украински безбедносни служби пукале едни на други во Киев

Генералниот обвинител Руслан Кравченко и Државното истражно биро ги разјаснуваат сите околности околу инцидентот, ги проверуваат сведочењата на учесниците во престрелката и ја истражуваат ситуацијата „чекор по чекор“, рече претседателот.

Ова треба да доведе до кадровски одлуки од страна на раководителите на двете специјални служби, како и до внатрешни истраги, нагласи Зеленски.

„Тука, во Украина, може да се пука само кон руските окупатори за да се одбрани Украина. Ниту една друга престрелка нема да биде сфатена од нашата држава како нешто што му е дозволено на секого“, додаде украинскиот претседател.

Престрелката се случи во раните утрински часови на 2 септември во населбата „Березњаки“ во главниот град.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

To top