Македонија

49 нови комунални возила за Скопје, 10 за општините

Промоцијата на возилата се одржа денеска во Скопје, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалници, претставници на Светска Банка.

 

 Со 4,2 милиони евра преку Светска банка  набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците. 

Четириесет и девет нови комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.

Промоцијата на возилата се одржа денеска во Скопје, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалници, претставници на Светска Банка.

„Овој проект е за подобра животна средина, поголема хигиена во нашите општини кои добиваат нови алатки да се справуваат со сметот. Повикувам и на општетсвена и граѓанска одговорност затоа што сите треба да бидеме подеднакво одговорни кон животната средина“ рече Мицкоски.

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

To top