Бизнис

(Фото): Mакедонија ја менува позицијата на регионалната мапа

Македонија повеќе не сака да биде последната станица на енергетските маршрути на Балканот. Амбицијата е многу поголема – земјата да стане дел од коридорот што ќе ги поврзува изворите на енергија од југот со пазарите во Централна и Источна Европа. Во таа насока се движат новите гасни интерконекции со Грција и Србија, приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, но и инвестициите во електроенергетската мрежа и обновливите извори.

Воспоставувањето на Министерството за енергетика пред две години и почетокот на реализацијата на значајни инфраструктурни проекти покажуваат дека земјата интензивно работи на зајакнување на својата енергетска сигурност, оцени министерката за енергетика Сања Божиновска на панел во рамките на 6. Метрополитен самит во Солун. Таа нагласи дека регионалната соработка е од исклучително значење, особено во енергетскиот сектор.

  • Секогаш е добро кога имате соработка, особено со соседите. Интерконективноста значи многу, бидејќи не можете да бидете остров и не можете да бидете изолирани кога зборувате за енергијата – рече Божиновска.

Според неа, во изминатите две години биле направени значајни чекори во развојот на енергетската инфраструктура и во реализацијата на нови проекти. Божиновска најави дека следната година, најдоцна до јуни или јули, се очекува да биде завршен грчкиот дел од интерконекторот, а до крајот на годината и српскиот дел.

  • Тоа значи дека ќе имаме алтернатива, а кога имате повеќе алтернативи, секогаш е подобро. Можеме да бидеме и снабдувач за Југоисточна Европа и мислам дека ова е многу добро – истакна министерката.

Таа најави и нова средба на министрите од регионот, по примерот на претходната средба во Атина.

  • Многу е важно министрите да се среќаваат и да разговараат за предизвиците и за тоа каде треба да се подобриме. Се договоривме квартално да се среќаваме во земјите од регионот. Ова ќе биде наш втор состанок. Сите научивме дека, покрај значењето на соработката, подеднакво важна е и посветеноста договореното да се реализира – рече Божиновска.

Таа потенцира дека приоритет на Владата е придобивките од енергетските проекти да ги почувствуваат граѓаните. Божиновска посочи дека, освен поврзувањето со Грција и Бугарија, земјата нема развиена гасификациска мрежа на целата територија, поради што се работи на изградба и проширување на инфраструктурата. Како една од идните цели таа го наведе и развојот на системи за централно греење и во други градови, бидејќи во моментов таков систем има само главниот град.

  • Придобивките од поврзувањето ќе бидат во интерес на граѓаните. Можеби нема да се почувствуваат веднаш, но верувам дека на среден рок, во период од три до пет години, резултатите ќе бидат видливи – истакна Божиновска.

Осврнувајќи се на енергетската транзиција, министерката рече дека земјата работи и на обезбедување базична енергија и на постепено намалување на употребата на јаглен.

  • Имаме програма за праведна транзиција и значајни инвестиции за постепено исфрлање на јагленот од употреба. Тоа не е лесен ниту едноставен процес. Потребни се многу инвестиции, но транзицијата мора да биде праведна и за луѓето што работат во рударството. Треба да се грижиме за нив, да им овозможиме преквалификација и доквалификација – рече Божиновска.

Таа оцени дека процесот е сложен, но дека земјата се движи во позитивна насока.

  • Со 58 проценти обновливи извори сме на добар пат – порача Божиновска.

Во рамките на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (SEEF), Божиновска потпиша Меморандум за соработка, со кој Македонија и официјално ќе се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор.

Новата гасна врска е долга 123 километри, од кои 68 се на македонска територија, а нејзиното пуштање во функција се очекува во текот на 2027. Тоа треба да ѝ овозможи на Македонија директен пристап до Јужниот гасен коридор, како и до снабдување преку ЛНГ-терминалите во Ревитуса и Александруполис.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top