Бизнис

Нафтата продолжи да поскапува по новата ескалација меѓу САД и Иран

Цената се искачи до 99,68 долари

Цените на суровата нафта продолжија да растат денеска под влијание на новата ескалација меѓу САД и Иран. Стравувањата дека конфликтот би можел да го наруши снабдувањето со енергенси дополнително ги поттикнаа пазарите.

Северноморскиот „брент“ за испорака во ноември порасна за над 1,1 отсто и во раното тргување достигна 99,04 долари за барел. Претходно се искачи и до 99,68 долари.

Од почетокот на годината „брент“ поскапе за повеќе од 60 отсто и повторно се приближува до границата од 100 долари – ниво последен пат видено кон крајот на јули. Рафинираните производи, особено дизелот, бележат уште поизразен раст поради продлабочувањето на кризата на Блискиот Исток и нејзиното ширење кон Црвеното Море.

Европските цени на природниот гас исто така пораснаа четврти ден по ред, по најновите американски удари.

Борбите околу Ормускиот Теснец се заострија. Овој стратешки премин е една од клучните рути за транспорт на нафта, течен гас и ѓубрива во светот.

Американската војска соопшти дека уништила пет ирански танкери со сурова нафта и потопила уште еден, како одговор на ирански напади врз американски воен брод.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека веднаш возвратила со ракетни удари кон Јордан. Јорданските сили, според агенцијата „Петра“, пресретнале 20 балистички ракети.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа

Според досега објавените податоци на „Евростат“, инфлацијата во Еврозоната во август се проценува на 3,3%, наспроти 2,6% во Македонија. Во јули инфлацијата во Еврозоната изнесуваше 2,9%, додека во Македонија беше 2,3%. Тоа значи дека втор месец по ред Македонија има пониска стапка на инфлација од Еврозоната.

За три месеци се завршени градежни работи вредни 242 милиони евра

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски оцени дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година.

Растот од 4,3% е четврти најголем во ЕУ, велат од Владата

Според податоците на ДЗС во второто тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторот Градежништво од 21,9%. Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,0 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83,2 отсто.

Македонската економија расте за 4,3%, министерката за финансии вели дека може и повеќе

Според Димитриеска-Кочоска, повисок и одржлив економски раст не може да се постигне преку ноќ. Таа вели дека се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во економските политики.

Владата најави казни за трговците што ќе ја злоупотребат мерката „Училишна кошничка“

Мерката се спроведува трета година по ред и ќе трае до 30 септември. Со неа, трговците на големо се задолжени да ги намалат цените на опфатениот училишен прибор за најмалку 10%, додека кај трговците на мало намалувањето треба да изнесува најмалку 15%.

To top