Регион

Вучиќ распиша предвремени избори

Го расспушти парламентот, а ибори за нови народни претставници закажа зџа 25 октомври

Српскиот претседател Александар Вучиќ распиша предвремени парламентарни избори за 25 октомври, откако претходно потпиша одлука за распуштање на српскиот Парламент врз основа на предлог што му го испрати српската влада.

Претседателот Вучиќ на претстојните избори во Србија ќе „трча“ за премиер

„Граѓани на Србија, сигурно ќе имате можност да изберете помеѓу многу опции. Ве молам тоа да го направите на мирен и достоинствен начин. Важно е да ги почитуваме различните политички мислења, правото на слобода на собирање и слободата на изразување.

Ве молам внимателно да одмерите кому и како да ја дадете вашата доверба“, рече Вучиќ, пренесува Nova.rs. „Убеден сум дека ќе го изберете вистинскиот пат кон иднината, а кој и да го добие вашиот глас ќе ги прими моите честитки.

По образложениот предлог на Владата, издавам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија, кој ќе стапи на сила на денот на објавувањето во Службен весник на Република Србија.

Донесувам одлука за распишување избори за народни претставници за 25 октомври“, рече Вучиќ.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top