Македонија

Јакимовски излегува од затвор, Врховен суд го врати случајот на почеток

По 57 дена зад решетки, укината пресудата за ексградоналникот на Карпош, предметот вратен пред Основниот кривичен суд Скопје

По 57 дена поминати во затвор, Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и на Апелацискиот суд Скопје против поранешниот градиначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и го врати случајот на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Советот за казниви дела на седница одржана вчера го уважил барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку неговиот бранител Виктор Цветковски од Куманово.

Јакимовски во април 2025 година првостепено беше осуден на единствена казна од три години и шест месеци затвор за две кривични дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба и овластување, во предмет поврзан со изградбата на административниот објект на Општина Карпош.

Првостепениот суд тогаш одлучи и административниот објект на локалната самоуправа на улицата „Радика“ бр. 9 да биде одземен во корист на државата.

 

Најнови вести од: Македонија

Повелете, неписмен бугарски публикуме – Адвокатка ги демаскира бугарските напади врз македонскиот капитен

Македонскиот капитен го повтори тоа што преходно во Софија го стори претседателката Сиљановска-Давкова која одби да одговара на бугарски јазик и зборуваше на англиски јазик

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот Светлана Колариќ, „во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица“.

To top