Македонија

Николоски: ЈО да ја истражи работата на претходното раководство на „Македонијапат“, таму има мафија на адвокати, проценители, вештаци!

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, и кривичната пријава, која тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое претпријатието го има заглавено во долгови од 34 милиони евра.

Николоски во одговорот на прашањето поставено од пратеникот Борислав Крмов за состојбата и лошите услови за работа во ЈП „Македонијапат“ посочи дека состојбата е тешка или како што рече „е исклучително тешка, ултра тешка“.

– Го затекнавме претпријатието со 34 милиони евра долг, сега е 25, за две години е намален за девет милиони евра. Крадел кој стигне, кај стигне. Ако литар боја за фарбање на улици, која што и не ја користеле, чинела Х денари ја наплаќале 10 пати поскапо. Да не зборувам за зимското одржување. Еве овие две години се чисти снегот, претходно пари се даваа, а снегот не се чистеше. Само за удари од кучиња – јас знам дека има кучиња, ама не верувам дека сме толкави рекордери -3,5 милиони евра се пресудени оштети. Таму има формирано една банда, една мафија на адвокати, проценители, вештаци и Бог ги знае како се викаат, и излегува дека до 2024 година, дури беше оној Константин Ацески директор што си ја тепаше жена му, кучиња секој ден удирале во возила. После 2024 година некако имаат намалено кучињава да се удираат во возила – вели Николски.

Тој посочи дека за лошата состојба во ЈП „Македонијапат“ причина се и тужби, кои се испраќаат во Стразбур.

– Сојузени се со компании на кои што им се должи и сега Стразбур почна да носи одлуки долгот да им се плати, и каматата да им се плати, и по една благодарница да им дадеме, а ако ги видите цените по кои што имаат добивано тие компании се исто така далеку над пазарните. Јас неколку пати сум повикувал, еве да искористам и тука од собраниска говорница, да замолам – не знам кој друг збор освен да замолам – Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај, не мора ништо друго да работат, само да го прочитаат ревизорскиот извештај и кривичната пријава, која што јас лично ја имам потпишано. Јас не се кријам, потпишав преку 20 кривични пријави, кога бев избран и во периодот потоа од неколку месеци, како доаѓаа работите, и да истражат како таму се работело – подвлече Николски.

Тој додаде дека вработените во ЈП „Македонијапат“ сега редовно земаат плата, а К-15 ќе биде исплатен во законскиот рок. Истакна и дека сега се подмируваат добавувачите во рамки на она што е реално.

– Опремата што ја имаше претпријатието е ставена во функција, сè уште се користат надворешни компании за чистење на снег, но не во обем којшто беше претходно. Се запалија асфалтните бази. Повеќето реконструкции што ги прави ЈПДП, наместо да оди на тендер, оди преку „Македонијапат“. Можете да ја отворите листата на јавни набавки на ЈПДП и таму ќе видите дека скоро и да нема во овие две години јавна набавка, односно тендер на ЈПДП за одржување на патишта. Причината е затоа што се договоривме со ЈПДП таа работа да ја дава на „Македонијапат“, па „Македонијапат“ со тие пари да враќа долгови – како што се вратија овие 9 милиони евра, од 34 на 25 и да може да ги подмирува платите на вработените и да може да им помагаме – вели Николоски.

Посочи дека се направени корекции на цените за асфалтот, а пред две седмици на Влада помината е и нова корекција на цените.

– Цело време ги коригираме цените надолу, како што утврдуваме пазарот каков бил така. На пример, претходно до 2024 година ако тон асфалт бил некаде 100–110 евра, овие го фактурирале 190 евра. Една од поголемите главоболки ми е „Македонијапат“. Но повторно молам, замолувам, апелирам – не знам кој збор да го употребам – Јавното обвинителство таму да влезе и детално да ја истражи работата – порача Николоски од собраниската говорница.

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството, кое мора да се реформира од корен!

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

Поднесена кривична пријава против уапсениот помошник директор во Царинска Управа, поради примање мито

На 10.09.2026 во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК го лишија од слобода Џ.И. (63) од Шипковица, Тетово, помошник директор во Царинска управа на РСМ. Денеска (11.09.2026) Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против него за сторени кривични дела „примање поткуп“ по член 357 и „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.

Велјановски: ЈО да истражи зошто, поради СДСМ и ДУИ, РМ плати 4,6 милиони евра провизии за неповлечени пари за железничкиот Коридор 8?!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски денеска обвини дека владеењето на СДС и ДУИ оставило сериозни последици врз реализацијата на железничкиот Коридор 8, повикувајќи се на наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

Мицкоски: Ако побара опозицијата предвремени избори, ќе има, но пак ќе ги победиме!

Ако опозицијата поднесе барање во Парламентот, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има предвремени избори.

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри

Запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење

Најнови вести

To top