Свет

Трамп добива уште една номинација за Нобелова награда

Поддршката за амбициите на Трамп да го следи претседателот Обама во добивањето на Нобеловата награда стана начин земјите да му се додворат

Камбоџа планира да го номинира американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, како признание за неговата помош во посредувањето во прекинот на огнот со кој се стави крај на неодамнешните гранични судири со Тајланд, изјави заменик-премиерот на земјата, Сун Шантол, според „Волстрит џурнал“.

Шантол во интервјуто вчера изјави дека без интервенцијата на американскиот претседател, Камбоџа и Тајланд веројатно немаше да постигнат договор за прекин на борбите во кои загинаа најмалку 45 лица од двете страни на спорната граница.

„Тој треба да ја добие Нобеловата награда, не само за неговата работа во Камбоџа, туку и на други места“, рече Сун Шантол.

Поддршката за амбициите на Трамп да го следи претседателот Обама во добивањето на Нобеловата награда стана начин земјите да му се додворат, иако тој досега не успеа да ги реши големите конфликти во Газа и Украина.

Израел и Пакистан веќе објавија дека го номинирале Трамп во норвешкиот комитет, а неколку африкански земји исто така изразија поддршка.

Најнови вести од: Свет

Захарова: Самоубиствена одлука на ЕУ

Европската унија планира забрзување на постепеното укинување на увозот на руски течен природен гас, само неколку дена откако претседателот на САД, Доналд Трамп, ја повика да преземе повеќе чекори за ограничување на енергетската трговија со Москва

Трамп ја стопира воената помош за Тајван , приоритет договорот со Кина за ТикТок

Американскиот претседател Доналд Трамп одбил да одобри пакет воена помош вреден повеќе од 400 милиони долари за кинескиот регион Тајван во обид да постигне трговски договор со Пекинг, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани американски претставници.

To top