Регион

Превозниците ги откажаа најавените блокадите кон ЕУ

Транспортните асоцијации од четири земји од Западен Балкан се согласија

Превозниците ги откажаа најавените блокади кон Европската Унија откако на средба во Белград добија уверување за решавање на проблемот со шенгенските ограничувања. Камионџиите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора требаше денеска целосно да го запрат сообраќајот кон европските граници. По разговорите со претставници на дел од членките на Шенген-зоната и европските дипломати, блокадите се ставени во мирување за да не се прекинат регионалните трговски синџири.

Најавениот целосен прекин на транспортот кон границите на Европската Унија е повлечен во последен момент. Одлуката ја донесоа претставниците на транспортните асоцијации од четирите држави од Западен Балкан по директен разговор со претставници на земји од Шенген-зоната, организиран преку Делегацијата на ЕУ во Белград.

Од асоцијацијата „Макам-транс“ потврдија дека превозниците отстапиле од радикалните чекори за да остават простор за преговори.

„На овој начин покажавме добра волја и разбирање за проблемите кои би настанале со прекинување на синџирот на снабдување на стока меѓу Западен Балкан и ЕУ“, соопштија од организацијата.

Со ова сообраќајот на граничните премини останува редовен, но транспортерите предупредуваат дека решението не смее да се одолговлекува.

Суштината на спорот лежи во шенгенското правило 90/180, според кое граѓаните на земји што не се дел од Унијата смеат да престојуваат во таа зона најмногу 90 дена во период од шест месеци. Ова ограничување важи и за професионалните возачи. Тие поголемиот дел од работните часови го поминуваат на европските коридори и на граничните терминали, па многу брзо го исцрпуваат дозволениот рок.

Доколку го пречекорат лимитот, возачите ризикуваат парични казни, депортација и забрани за влез. Компаниите се соочуваат со недостиг на кадар, празни камиони и огромни пенали кон европските партнери за секоја задоцнета пратка. Регионалните транспортни здруженија бараат посебен статус или ослободување за транспортните работници додека траат нивните службени рути.

Најнови вести од: Регион

Спектакуларно бегство на опасен затвореник во Грција: соучесниците, маскирани како полициски специјалци, ги разоружале чуварите

Во северна Грција е во тек голема полициска потрага по 41-годишен затвореник од албанско потекло, кој изведе спектакуларно бегство. Настанот се случи во петокот навечер (11 септември 2026 година) околу 23:30 часот, јавуваат грчките медиуми. Иако затвореникот издржувал казна во затворот Нигрита кај Серес,  бегството се случило во Општата болница во Серес.

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

To top