Македонија

Филипче најави дека ќе ја враќа власта на граѓаните

Сега се живее многу полошо отколку пред 2-3 години, тврди лидерот на СДСМ

Во соопштение за јавност СДСМ денеска порача дека партијата ќе ја врати власта на граѓаните.

Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и Македонија ќе влезе во ЕУ, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

Филипче нагласи дека дека власта на ВМРО не исполни ниту едно од клучните ветувања со кои дојде на власт, а особено е загрижувачки што кај граѓаните е убиена надежта дека Македонија може да биде подобро место за живеење.

Тој посочи дека наместо напредок кон Европската Унија и подобри услови за граѓаните, денес Македонија се движи во спротивна насока, додека младите не гледаат перспектива во сопствената држава.

„Што е случи со Европскиот пат, дека регионот оди напред. Ништо. Рекоа ќе ги подобрат условите. Ќе го поништуваше Преспанскиот договор. Не знам што се друго ветуваше. Ништо од тоа нема. Ништо буквално. Ќе се грижише за граѓаните. Една мерка кажете со која што се грижи за граѓаните, една работа. Сега се живее многу по лошо отколку пред 2-3 години. Не само што се живее по лошо, најстрашното од се е што убиена им е на луѓето надежта дека тука може да биде подобро место на живење со оваа криминална група, затоа што им даваат лош пример на младите и како се владее и како се менаџира со државата.“, рече Филипче.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

To top