Македонија

„Децата се неписмени“ – Филипче си ги нападна студентите на кои им предава

Нејасно е зошто Филипче јавно навреди граѓани, ученици, студенти, родители, наставници и професори

Вчера во емисијата ,,Само интервју” на Кабал 5 лидерот на СДСМ Венко Филипче ги обвини студентите на кои самиот им предава дека не знаат ништо.

Филипче навредата врз студентите на медицинскиот факултет на кои им држел испит ја базира на испит кој го држел на средината на Август.

,,Децата се неписмени на ПИСА тестовите. Не се споредуваат нашите деца со децата од регионот. Пред месец дена имав испит, катастрофално е знаењето на факултетите. Катастрофално е. Тие луѓе утре треба да нè лечат, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, кој Венко Филипче е вонреден професор на катедрата по Хирургија на Медицинскиот факултет, навредата за децата од Македонија кои ги нарекува неписмени ја поврзува со Писа тестовите кои се однесуваат на ученици а не на студенти.

Нејасно е зошто Филипче со ваква изјава јавно навреди повеќр категории граѓани, ученици, студенти, родители, наставници и професори.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Наезда на глувци во Центар, граѓани бараат општината да реагира

Граѓани алармираат за појава на стаорци во близина на паркингот меѓу ТЦ „Буњаковец“ и основното училиште „Ј.Х. Песталоци“. На Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ утрово беа објавени фотографии од мртви стаорци, а според реакциите на граѓаните, во овој дел од населбата биле забележани и живи глодари. Фотографиите, според објавата, се направени вчера, 17 септември […]

Претседателката се сретна со граѓани во Народната канцеларија

Дел од граѓаните укажале на тешкотиите и неправдите при обидите за вработување, за примерите на потценување на стручноста и компетентноста и преценување на фамилијарната, политичката и партиската припадност

To top