Хроника

Тројца уапсени за горење кабли за да вадат бакар

Испуштени штетни материи во воздухот

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица осомничени за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ според член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, тројцата соизвршители на 17 септември дошле со товарно возило наполнето со отпад во близина на депонијата „Буково“.

Таму почнале да палат отпадни гумени кабли за да ги издвојат бакарните жици. При горењето се создал чад и во воздухот биле испуштени штетни материи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Охрид доставил предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени.

Од Обвинителството наведуваат дека предлогот за притвор е поднесен првенствено поради опасност од бегство, како и поради можноста осомничените да влијаат врз сведоците во постапката.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

To top