Македонија

Мицкоски – Јанша: Европската интеграција мора да се темели на заслуги, а не на нови билатерални условувања

Средба во Њујорк

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк оствари средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Во фокусот на разговорите биле европската перспектива на Македонија, продлабочувањето на политичката и економската соработка меѓу двете земји, како и актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот.

Мицкоски порача дека Македонија останува посветена на европската интеграција и реформите, но очекува процесот да се темели на исполнети критериуми и реални резултати.

„Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности“, порача Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Македонија, како што вели, не бара привилегии или пократок пат кон ЕУ, туку фер и предвидлив процес.

„Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер“, наведува Мицкоски.

На средбата било разговарано и за можностите за унапредување на економската соработка со Словенија, зголемување на инвестициите и реализација на конкретни проекти.

Мицкоски ја опиша Словенија како долгогодишен пријател и важен партнер на Македонија во Европската Унија и НАТО, додавајќи дека целта е политичкото партнерство да се преточи во повеќе економски можности за двете земји.

„Македонија нема да стои во место додека го чекори европскиот пат. Ќе продолжиме да ја развиваме економијата, да ги спроведуваме реформите, да ги зајакнуваме нашите меѓународни партнерства и достоинствено да ги браниме македонските национални интереси“, порача премиерот.

Средбата со Јанша е дел од низата контакти на Мицкоски во Њујорк во рамки на неговата посета на САД и учеството на Генералното собрание на Обединетите нации.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top