Калин Ивановски отвори со победа на тенискиот турнир во чешкиот град Пардубице, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 30.000 американски долари.
Македонскиот Дејвис куп репрезентативец, оваа седмица на 747. место на АТП-листата во поединечна конкуренција, славеше со 6-4, 6-4 над домашниот натпреварувач Патрик Хомола (1686.) по 108 минути игра.
Следна пречка за 22-годишниот Ивановски утре од 10 часот ќе биде Клаус Пининг (1912) од Германија.