Арта Билали Зендели вели дека враќањето на Изет Меџити во ДУИ не е илузија.
Одговарајќи на прашањето дали во ДУИ има место за личности кои претходно ја напуштиле партијата, Билали Зендели во синоќешното гостување на ТВ Шења изјави дека ДУИ „не се противи на соработка“ која е во корист за остварување и спроведување на правата на Албанците кои произлегуваат од Охридскиот договор, како и за понатамошно унапредување на тие права.
„ДУИ постојано ги повикуваше своите противници на обединување и соработка – став најдобро артикулиран преку Европскиот фронт.
На ова треба да се додадат и јавните настапи на претседателот Али Ахмети. Сепак, останува да се види“, рече Зендели.