Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Кардиоваскуларните заболувања и натаму се водечка причина за смртност во Македонија. Во текот на минатата година од заболувања на кардиоваскуларниот систем починале 6.888 лица, што претставува 34 отсто од вкупниот број смртни случаи, информираше директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. По повод Светскиот ден на срцето, ИЈЗ денеска организираше бесплатни превентивни прегледи за граѓаните. На пунктот граѓаните можеа да добијат совети од стручни лица, како и да го проверат крвниот притисок, шеќерот во крвта, висината и тежината.

Пунктот го посети и министерот за здравство Сашо Клековски, кој истакна дека превенцијата и раното откривање се особено важни кај кардиоваскуларните заболувања. Клековски посочи дека овие заболувања се меѓу главните придонесувачи за предвремена смртност кај луѓето на возраст од 30 до 70 години. Според него, едноставните проверки, како редовното мерење на крвниот притисок, може да помогнат во навремено откривање на ризик-факторите. Тој посебно го издвои високиот крвен притисок, кој, како што рече, може да влијае врз срцето, бубрезите и мозокот, а во комбинација со нерегулиран дијабетес претставува дополнителен ризик за развој на срцеви, мозочни и бубрежни заболувања.

Министерот апелираше граѓаните редовно да го контролираат крвниот притисок и да ја земаат пропишаната терапија според препораките на лекарите.

  • Нашиот фокус треба да бидат кардиоваскуларните заболувања бидејќи тие се еден од главните контрибутори за предвремена смртност на луѓе на возраст меѓу 30. и 70. година кога очекуваниот животен век е 75 години. ​И тоа што е многу важно, сите овие работи може да се превенираат и рано да се откријат со едноставни работи. На пример, мерењето притисок, тоа е едноставна работа, само треба да ја практикуваме бидејќи високиот крвен притисок е еден од најтивките убијци, условно да кажам, кој влијае и на срцевото здравје, и на бубрежното здравје, и на мозочното здравје. Заедно со нерегулираниот дијабетес стануваат главни контрибутори во срцеви, мозочни и бубрежни заболувања – рече Клековски.

Клековски најави и промени во начинот на следење на резултатите од систематските прегледи на работоспособното население. Во претстојните измени на Законот за медицинските евиденции ќе се разгледува можноста резултатите од овие прегледи да бидат интегрирани во медицинското досие на пациентите. Воедно, тој повторно го отвори прашањето за овозможување мерење на крвниот притисок и шеќерот во аптеките. Според него, соодветно обучени здравствени работници, вклучително лекари, медицински сестри и фармацевти, би можеле да вршат едноставни контроли, со регулирани услови и стандарди.

Клековски го посочи и примерот со местата каде што има аптека, но нема лекар, оценувајќи дека достапноста на основните мерења може да биде значајна за навремено откривање на одредени состојби.

Најнови вести од: Македонија

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top