Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и еден од потписниците на „Договорот за добрососедство и пријателство“ со Македонија изјави дека Бугарија и Македонија не се непријател, но дека Договоротмеѓу двете земји мора да се почитува.
„Постои Договор за добрососедство и пријателство со Република Македонија, потпишан од мене и од нивниот премиер (Зоран Заев н.з.). Ниту ние, ниту Европската комисија не бараме ништо друго освен почитување на овој договор. Ние не сме непријатели; напротив“, рече Борисов.
Тој нагласи дека договорот предвидува конкретни права и се осврна и на таканаречениот француски предлог, опишувајќи го како јасен.
Борисов ги наведе односите со Грција во периодот на пристапувањето на Бугарија кон Европската унија како пример и повика на конструктивен дијалог преку дипломатски средства.
„Ние не сме непријатели; напротив. Ако тие го разбираат добрососедството на ист начин како нас, нема да имаат проблеми“, додаде тој.