Македонија

Петрова: Нема да учествуваме во повторно преговарање за обврските на Македонија

Ставот на Софија останува непроменет – спроведувањето на договорот во 2022 година е најдиректниот и единствен можен пат за Република Македонија да напредува кон членство во ЕУ

Бугарија категорично не учествува во никакви консултации за преговарање на обврските преземени од Република Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова за време на денешната парламентарна контрола во Народното собрание, објавија бугарските медиуми.

Изјавата на министерката за надворешни работи, според напишаното, доаѓа како одговор на пратеничките прашања во врска со моменталната состојба на билатералните односи и европската интеграција со западниот соседи.

Министерката Петрова, пишува Бгнес, негираше дека Бугарија е во процес на дискусија или консултации за промена на веќе утврдените услови и обврски преземени од Скопјe. Ставот на Софија останува непроменет – спроведувањето на договорот во 2022 година е најдиректниот и единствен можен пат за Република Македонија да напредува кон членство во ЕУ.

Бугарија не поставува нови барања надвор од општоприфатената европска рамка, туку инсистира на строго почитување на досега потпишаните договори и гарантирање на правата на Бугарите во соседната земја, рече Петрова.

Во рамките на парламентарната контрола, министерката за надворешни работи ја бранеше доследноста на бугарската надворешна политика, нагласувајќи дека градењето трајно добрососедство и доверба може да се случи само преку реални акции и спроведување на обврските преземени од страна на Скопје.

Најнови вести од: Македонија

ЕСМ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

ЕСМ Снабдување со топлина упати последен апел до граѓаните на Скопје приклучени на системот за централно греење навремено да ги завршат сите неопходни подготовки за претстојната грејна сезона

Мицкоски: Мојот идентитет не е создаден од Југославија!

„Идентитетот го опфаќа името на државата и мојот јазик; тој е наследство од моите предци, моето културно наследство и богатата македонска историја – како и од оние предци кои со својата крв го платија животот што го живееме денес, вели премиерот

To top