Регион

Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!

„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.

„Нашиот следен извештај за проширување, кој ќе биде објавен на 28 октомври, ќе ja одрази нашaта загриженост во тие области. И нема да се воздржам од мојата обврска јавно и јасно да ги изнесам фактите“, додаде Кос.

Преговорите се во застој со години. Турција официјално е сè уште земја кандидат за членство во ЕУ. Таа аплицираше за членство во Европската економска заедница во 1987 година, а за членство во Европската Унија во 1999 година. Преговорите за пристапување започнаа во 2005 година, но се во застој со години. Односите значително се заладија по неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година и последователните чистки, насочени кон политичките противници и новинарите. Брисел ја повикува Анкара да ја подобри својата демократија.

Европската Унија го критикува ставот на Турција кон поделениот Кипар, каде што Анкара ја основа Турската Република Северен Кипар во 1983 година, која е признаена само од Турција. ЕУ сака Анкара да одобри нови преговори предводени од ОН за статусот на островот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отфрли ова во јули 2024 година, инсистирајќи меѓународната заедница да го признае решението за две држави.

Како дел од кампањата наречена „Моето семејство е безбедно“, насочена против ЛГБТ+ заедницата во Турција, властите уапсија голем број луѓе и ги затворија профилите наопштествените мрежи на активистите. Новинари и градоначалници на опозицијата беа исто така уапсени во различни случаи. Владата вети дека ќе ја продолжи кампањата против ЛГБТ заедницата, и покрај протестите од Европската Унија и неколку меѓународни невладини организации.

Најнови вести од: Регион

Најнови вести

To top