Македонија

Димитриеска-Кочоска: Владата го продолжува даночното олеснување за дизелот

Владата ги ублажува надворешните ценовни притисоци

Владата на Република Македонија ја продолжува мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 отсто. Новата одлука важи до 20 октомври 2026 година.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја објави оваа информација на својот Фејсбук-профил. Според нејзините зборови, целта е јасна: ублажување на ценовните притисоци врз домаќинствата и стопанството, како и зачувување на економската стабилност.

„Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 отсто на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година. Со оваа мерка влијаеме врз малопродажните цени на горивата и ги ублажуваме надворешните ценовни притисоци, со цел да го намалиме финансискиот товар врз граѓаните и стопанството“, напиша Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека надлежните институции внимателно ги следат движењата на глобалните берзи и се подготвени навремено да реагираат.

„Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и навремено да реагираме со мерки што придонесуваат за заштита на животниот стандард и економската стабилност“, истакна министерката.

Со оваа одлука Владата продолжува да интервенира во цените на горивата, со цел да го олесни товарот врз граѓаните и компаниите во услови на надворешни ценовни притисоци.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

(Фото): Завршија обуките за прва помош за воспитувачки и негователки во Карпош

Во текот на неколкудневната обука, стручни тимови на Црвениот крст, составени од координатор и доктор, преку теоретски предавања и практични вежби им овозможија на учесничките да ги надградат своите знаења и практични вештини за навремено и соодветно постапување во ситуации кога е потребна прва помош.

Контроверзниот Џамбаски бара коските од Гоце Делчев „да се вратат во Бугарија, исто како и на Самуил“!

Контроверзниот Ангел Џамбаски, кој се „прослави“ со фашистичкиот поздрав среде Европскиот парламент, истапува со тешка и дрска провокација кон Македонија и македонскиот народ!

Манасиевски: Бугарскиот амбасадор во Македонија Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за моштите на Цар Самуил!

„Филипче агитира директно за Бугарија, со тоа што ги застапува бугарските позиции, наместо македонските позиции!“ – нагласува портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски

Преку знаење до економска независност: „Diamond Mall“ ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

Програмата е дел од определбата на Diamond Mall да создава вредност за заедницата во која работи и да отвора можности што имаат значење и надвор од просторот на трговскиот центар. Како дел од одбележувањето на својот роденден, Diamond Mall традиционално секоја година реализира општествено одговорна иницијатива, насочена кон различни потреби во заедницата и создавање долгорочна вредност.

To top