Македонија

Дијагностиката подостапна: ПЕТ центарот ќе работи и за викенди

Д-р Невена Маневска: Очекувано намалување на листите на чекање за пациентите

ПЕТ центарот ќе продолжи да работи и за време на викендите и празниците, почнувајќи од претстојниот продолжен викенд.

Целта на оваа одлука е да се намалат листите на чекање и пациентите побрзо да добијат пристап до потребната дијагностика.

Министерството за здравство, во соработка со ПЕТ центарот, информира дека работата за викенди ќе продолжи и во наредниот период, согласно утврдениот план.

Директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска, изјави дека реорганизацијата има цел да го намали времето на чекање и да продолжи трендот на зголемување на бројот на достапни термини.

„Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање.

Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините“, изјави Маневска.

Таа упати благодарност до здравствените работници и соработниците кои придонесуваат за спроведување на оваа организација на работата.

Од Министерството посочуваат дека секојдневно се работи на подобрување на достапноста на здравствените услуги и на скратување на периодот што пациентите го поминуваат чекајќи дијагностички прегледи.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

(Фото): Завршија обуките за прва помош за воспитувачки и негователки во Карпош

Во текот на неколкудневната обука, стручни тимови на Црвениот крст, составени од координатор и доктор, преку теоретски предавања и практични вежби им овозможија на учесничките да ги надградат своите знаења и практични вештини за навремено и соодветно постапување во ситуации кога е потребна прва помош.

Контроверзниот Џамбаски бара коските од Гоце Делчев „да се вратат во Бугарија, исто како и на Самуил“!

Контроверзниот Ангел Џамбаски, кој се „прослави“ со фашистичкиот поздрав среде Европскиот парламент, истапува со тешка и дрска провокација кон Македонија и македонскиот народ!

To top