Спорт

Непотребен старт за пенал ѝ пресуди на Шкендија против Карабах

Македонскиот првак поразен од азербејџанскиот со 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло за ЛШ

Фудбалерите на Шкендија загубија со 1:0 од Карабах на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите и имаат за што да жалат.

Посебно за моментот во 18. минута што го реши победникот, кога Роналдо Вебстер непотребно стартуваше врз противничкиот играч што излегуваше со топката од шеснаесетникот.

Судијата Иван Крузљак од Словачка прво досуди слободен удар, но по интервенцијата од ВАР-собата покажа на белата точка, а Торал Бајрамов со силен и прецизен удар во левиот горен агол го постигна единствениот гол на средбата.

Гостите од Азербејџан имаа поголем посед на топката (55:45 проценти), но македонскиот првак не беше инфериорен, што го потврдува статистиката на упатени удари (17:19, но 7:6 за тетовци во рамките на голот).

Реваншот е закажан за 12 август во Баку.

Најнови вести од: Спорт

Приведен кумановец кој се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина на натпреварот во Куманово

Полицијата во  Куманово го лиши од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничел дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, известуваат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека на разговор биле повикани неколку лица во […]

To top