Бизнис

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работни средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамките на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка, коишто се одржуваат во Бангкок, Тајланд. На средбите присуствуваше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Гувернерот Славески се сретна со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај. Во разговорите беа разгледани макроекономските движења и изгледи, предизвиците во глобалното економско окружување, оцените и проекциите во најновиот Светски економски преглед (ВЕО), состојбите во банкарскиот сектор, како и натамошното унапредување на соработката меѓу Народната банка и ММФ.

Во услови на продолжени геополитички превирања беше истакната потребата од внимателно следење на движењата на надворешните ризици и нивното влијание врз домашната економија. Беше нагласено дека македонската економија покажува отпорност и покрај надворешните предизвици, а стабилизацијата на инфлацијата создава поповолна основа за нејзино натамошно враќање кон проектираните нивоа. Сепак, неизвесностите на светските пазари и домашните инфлациски притисоци бараат претпазливост во водењето на макроекономските политики, координација меѓу нив и одржување на стабилноста на девизниот пазар и соодветното ниво на девизните резерви.

Во однос на банкарскиот систем беше истакнато дека тој останува стабилен и отпорен, со висока капитализираност, солидна ликвидност и добар квалитет на кредитното портфолио. Овие показатели ја потврдуваат способноста на банките да се справат со потенцијалните ризици и да продолжат да ја поддржуваат економската активност во услови на зголемена глобална неизвесност.

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди. Беше потврдена заемната определба за продолжување на успешната соработка меѓу Народната банка и ММФ, којашто придонесува за унапредување на централнобанкарските функции и зајакнување на отпорноста на домашната економија.

Најнови вести од: Бизнис

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

(Фото): Растот на платите во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок од времето на СДСМ

Од владејачката партија пресметаа дека во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

Данецот кој сака да купи дури 1.000 станови во Скопје основа две градежни фирми во Македонија

Според достапните регистарски податоци, двете друштва-основачи се регистрирани пред некое време во Данска, односно на 9 септември 2026 година, а како нивен директор е наведен Томас Нилсен. „VK Skopje Development ApS“ е основана во декември 2023 година, а како нејзин сопственик е наведена „Vaekst Holdings S.à r.l.“.

(Фото): Гувернерот и министерката за финансии а средба со високи претставници од Светската банка

Продолжувањето на ова партнерство претставува важна поддршка за натамошниот развој на финансискиот систем во нашата земја, зголемувањето на неговата отпорност и поефикасното поврзување со европската и регионалната финансиска инфраструктура.

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Најнови вести

To top