Матеј Гаштаров асистираше, но неговиот соиграч од фудбалската репрезентација на Македонија, Езгјан Алиоски, славеше победа на Лугано над Црвена звезда од 3:2 во Швајцарија на стартот од лигашката фаза на Конференциската лига на УЕФА.
Деветнаесетгодишниот играч за врска на „црвено-белите“ му асистира на Елшник за израмнувањето на 1:1 во 32. минута, гостите имаа и водство од 67. минута преку Круниќ, а влегувањето на Алиоски во игра во 79. минута се совпадна со пресвртот и триумфот на Лугано со головите на Монкада во 84. минута и на Гргиќ од пенал во претпоследната.
Во четвртата минута од судиското надополнување Гаштаров доби жолт картон за груб старт, но и покрај тоа е четврти најдобро оценет играч на гостите од Србија со оценка 7,2 наспроти 6,5 на Алиоски.