Потрагата по 27-годишниот Шабани Шемо, кој е пријавен за исчезнат во Македонија, четврти ден сe уште не дава резултати. Неизвесноста расте, семејството е се позагрижено, а клучните околности за неговото исчезнување остануваат неразјаснети, објавува Рома Прес.
Во обид да дознаат што се случило со Шемо, во потрагата се вклучиле и негови роднини и пријатели, кои самостојно бараат каква било трага или информација што би можела да помогне во неговото пронаоѓање.
Според неофицијални информации на „Рома прес“, полицијата повикала на информативен разговор лица со кои Шемо бил во контакт непосредно пред исчезнувањето. Сепак, засега нема официјална потврда од надлежните институции за овие наводи, ниту информации за конкретниот правец во кој се движи истрагата.
Иќнајголемата загриженост доаѓа од стравувањата на семејството и роднините, кои не ја исклучуваат можноста исчезнувањето да е поврзано со кривично дело. Но, во отсуство на официјални информации и потврдени докази, овие сомнежи засега остануваат непотврдени.
Засега нема никакви информации каде е Шабани Шемо и што се случило непосредно пред неговото исчезнување?
Секоја информација што би можела да помогне во пронаоѓањето на Шемо може да биде од особено значење, пишува Roma Press.
Детали за контакт со семејството на линкот