МТЕЛ одбележува пет години од своето работење на македонскиот пазар и по тој повод ја започнува големата роденденска кампања „Ние славиме. Вие добивате.“ Кампањата носи пет специјални понуди за мобилни телефони, паметни часовници, телевизори и припејд бонус.
Петгодишниот јубилеј е можност МТЕЛ да им се заблагодари на корисниците за укажаната доверба и заеднички да го одбележи овој значаен момент. Затоа, во периодот од 20 октомври до 14 ноември 2026 година, корисниците ќе можат да изберат една од петте роденденски понуди:
- до 30% попуст на избрани iPhone модели
- 50% попуст на избрани Huawei паметни часовници
- 50% попуст на избрани Samsung Crystal UHD телевизори
- избрани Xiaomi Redmi телефони од само 1 денар
- 5 GB мобилен интернет подарок за припејд корисниците при надополнување на кредитот со најмалку 300 денари.
Подарените 5 GB за припејд корисниците се активираат автоматски по извршеното надополнување и важат во следните 7 дена. Во текот на промотивниот период, корисникот може да го добие бонусот најмногу пет пати.
„Пет години МТЕЛ се пет години исполнети со развој, нови услуги и доверба од нашите корисници. Овој јубилеј сакаме да го одбележиме заедно со нив, со понуди што носат конкретна вредност и со едноставна порака што ја отсликува суштината на кампањата – ние славиме, а корисниците добиваат“, истакнуваат од МТЕЛ.
Роденденските понуди за уреди се достапни со договор на 24 месеци во избрани тарифни пакети. Промотивните цени важат до 14 ноември 2026 година или до исцрпување на залихите.
Повеќе информации за моделите, цените и условите на понудите се достапни во продажните места на МТЕЛ, на mtel.mk и преку контакт-центарот на бројот 15010.