Македонија

Регионален форум во Скопје: Преку вклучување на младите до побезбедни, понапредни и поодржливи локални заедници

Регионалниот форум го организира Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа – НАЛАС, во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, кој го спроведува УНДП, во соработка со УНФПА, УНИЦЕФ и UN Women, со поддршка од Фондот за мир на Обединетите нации.

Преку локална акција до регионални промени, преку активно вклучување на младите до изградба на побезбедни, инклузивни и одржливи локални заедници. Повеќе од 100 градоначалници, млади лидери, активисти, претставници на локалните власти и на меѓународни организации учествуваат на Регионалниот форум за локално лидерство за млади, мир и безбедност, кој се одржува во Скопје.

Една од клучните пораки на форумот е дека гласот на младите во местото каде што живеат не смее да се сведе само на консултации и повремено вклучување во одредени општински активности. Неопходни се функционални младински совети, поголема поддршка за младинските иницијативи, соодветни средства во општинските буџети и механизми што ќе овозможат младите активно да учествуваат во креирањето на локалните политики.

Градоначалникот на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски порача дека заеднички фокус во регионот треба да биде создавањето безбедни, инклузивни и поддржувачки средини за младите луѓе.

  • „Прашањето на иселување на младите е наш сериозен предизвик. Слична е состојбата во целиот регион, па и пошироко, и навистина треба искрено да се потрудиме да направиме сè што е возможно овој тренд да стагнира, па и да тргне во обратна насока. Ако сакаме младите иднината да ја гледаат во својата држава, мора низ целата земја да создадеме еднакви услови и можности за квалитетно образование, култура, спорт, вработување, домување, формирање семејство“, рече Ѓорѓиевски.    

Соработката помеѓу централната и локалната власт, но и градењето регионални партнерства преку размена на искуства и заеднички иницијативи можат во голема мера да придонесат за унапредување на младинските политики.

  • „Младите не треба да бидат само тема на нашите политики, туку активни партнери во нивното создавање. Република Северна Македонија има законска рамка за младинско учество и младински политики. Нашиот предизвик е нејзина доследна примена, особено на локално ниво. Токму затоа, општините имаат клучна улога. Младинските совети, младинските службеници и локалните политики мора да функционираат во пракса, со конкретни активности и соодветна буџетска поддршка“, истакна Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади.

Во регионот живеат околу 3,6 милиони млади луѓе што е една петина од вкупната популација. Претставниците на УНДП и на Обединетите нации порачаа дека на нив треба да се гледа како на партнери и креатори на решенија, особено во контекст на глобалната Агенда за млади, мир и безбедност.

  • „Младите имаат идеи, енергија и искрена желба да направат позитивни промени. Она што често им недостасува е некој да ги слушне, да ги сфати сериозно и да им даде можност да делуваат. Токму на тоа работиме во УНДП. Го поддржавме изготвувањето на Националната стратегија за млади, обучивме повеќе од 40 службеници за млади, поддржавме пет локални младински совети и десет иницијативи предводени од млади, и овозможивме директен дијалог меѓу младите и носителите на одлуки на локално ниво“, изјави Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.
  • „Обединетите нации им помагаат на општините да ги интегрираат принципите на Агендата за млади, мир и безбедност при развојот и спроведувањето на локалните стратегии. Одржливоста на овие заложби зависи од буџетите и активностите на локалните и националните власти, како и напорите на граѓанското општество да им овозможи на младите да бидат вклучени и да имаат поголемо влијание“, рече Рита Колумбија, постојан координатор на ОН во Македонија.

Во рамки на форумот беа доделени регионални признанија на пет општини кои успешно спроведоа иницијативи поврзани со младинска вклученост. Општина Боговиње доби признание за развивање партнерства, Ѓирокастро за придонес кон побезбедни заедници, Липјан за градење мир, Тузла за создавање инклузивна иднина, а Обреновац за зајакнување на гласот на младите.

  • „Петте локални шампиони за млади, мир и безбедност се доказ дека младите луѓе можат да придонесат нивните заедници да бидат побезбедни, поинклузивни и поповрзани. Преку НАЛАС и нашите членки, сакаме да помогнеме што повеќе општини да учат од овие примери и да им дадат на младите значајна улога во креирањето на локалните одлуки“, изјави Келменд Зајази, извршен директор на НАЛАС.

Регионалниот форум го организира Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа – НАЛАС, во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, кој го спроведува УНДП, во соработка со УНФПА, УНИЦЕФ и UN Women, со поддршка од Фондот за мир на Обединетите нации.

Најнови вести од: Македонија

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

Уставен суд постапува по предметите за платите на обвинителите, кои тврдат дека им се најниски во регионот

Уставниот суд информира дека постапува по три предмети во кои се оспорени одредби од законите што ги уредуваат платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители.

Дете од 4 години е најмлад милионер во РМ, а 97-годишен пензионер најстар

Дете од четири години остварило 3,1 милион денари од дивиденда, а 97-годишен пензионер 1,089 милиони денари, од кои 59 отсто од пензија, а останатото од дивиденда, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.

МЕПСО бара зголемување на преносната тарифа за струја за околу 98 отсто од јануари 2027, а четирите компании за топлинска енергија и на цената на парното греење

Конечниот збор го има Регулаторната комисија за енергетика, од чии одлуки ќе зависи колку повеќе ќе плаќаат граѓаните за струја и за греење. Пред една седмица премиерот Христијан Мицкоски изјави дека цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари 2027 година.

Најнови вести

To top