Македонија

Денеска доделување на наградата „23 Октомври“

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието

Во собранието денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2026 година.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на Ѓорѓи Јолевски, актер, додека за остварување во областа на науката, наградата им се доделува на: проф. д-р Стојко Стојков, историчар и проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, археолог.

Минатата година наградата беше доделена Гоце Тодоровски, актер, Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни, Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар, како и на академик Божин Павловски, писател.

 

Најнови вести од: Македонија

To top