Малолетник бил физички нападнат од група врсници во скопската општина Аеродром.
Случајот во полиција го пријавил неговиот татко, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје, 60-годишниот Г.И. на 23 октомври пријавил дека неговиот син бил нападнат претходната вечер, околу 21:30 часот.
Таткото од групата малолетници препознал еден од наводните напаѓачи.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.