Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Венко Филипче не може да избега од сопственото политичко минато и тоа нема да успее да го направи ни со 1000 прес-конференции.

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови, се вели во денешното соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, Филипче, Заев, Вучиќ и соработниците имаат и заеднички омилен пејач, кој им пее на приватни журки.

Постојат видеа познати на јавноста, на кои јасно се гледа како Зоран Заев и Венко Филипче се веселат на журка во Дубаи додека им пее Харис Џиновиќ, а ги има и такви на кои, на приватна журка, исто така, со Џиновиќ се гледа Ана Брнабиќ заедно со други министри на Вучиќ.

Исто така, постои и видео од самиот Вучиќ, на кое се гледа како ужива во песните на Џиновиќ“, се потсетува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека кога Филипче зборува против Вучиќ, граѓаните се присетуваат токму на сцените кога до рани зори седеа на пијанки, како со највисоки почести го пречекуваше на граница, за тоа како марихуаната, која во негов и период на власт со Заев цветаше, одеше за Србија.

„Но, конекции и врските на СДС, Филипче и Заев со Вучиќ не завршуваа тука, туку се надоградуваа и понатаму, така што заедно со Заев за директор на ЕСМ поставија човек на Вучиќ, додека за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум, Башановиќ.

И ова не е се, нивната поврзаност е уште поголема и таа допрва ќе се открива“ се вели во соопштението.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top