Македонија

Снег провејуваше синоќа на „Стража“ (ВИДЕО)

Од извори на терен, снегот не се задржуваше на коловозот, па сообраќајот се одвива без поголеми проблеми

Ова беа првите снежни врнежи за оваа година на овој планински предел.

На социјалните мрежи и на порталот „Порта“ се споделуваат видеа од патот кон Стража на кои може да се види дека провејува снег.

И на јутјуб-каналот на Здружението за промоција на македонските ски-центри, „Ски Македонија“, каде што се емитуваат видеа во живо, може да се види дека во дел од скијачките центри вее снег.

 

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) и од „Македонија пат“, препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

 

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

To top