Македонија

Кој ќе го наследи Ислам Абази?

Во трката за раководната позиција се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

187 јавни обвинители денеска избираат нов раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). За функцијата конкурираат петмина кандидати:

Во трката за раководната позиција се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Изборот се спроведува непосредно, со тајно гласање, а гласачките места ќе бидат отворени од 08:00 до 16:00 часот.

По завршувањето на гласањето, гласовите ќе бидат сумирани на јавна седница. Изборната постапка ја спроведува комисија формирана од Советот на јавните обвинители, во состав Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Кандидатите ги претставија своите програми на седницата на Советот на јавните обвинители на 13 октомври. Меѓу приоритетите што ги истакнаа се зајакнувањето на истражните капацитети, поефикасната борба против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги и зголемувањето на независноста на Обвинителството.

Новиот раководител ќе го наследи Ислам Абази, чиј мандат истекува. Абази беше избран на функцијата во октомври 2022 година, а огласот за избор на негов наследник беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top