Регион

Непријатна расправа во живо на српска телевизија: Малагурски ја збуни водителката (ВИДЕО)

Расправата го одбележа почетокот на разговорот во живо

Промените во српските телевизиски програми стануваат сè повидливи, особено на медиумите што досега беа блиски до претседателот Александар Вучиќ. Во емисиите повторно се појавуваат гости кои со години немаа простор да ги кажат своите ставови.

Таква сцена се одигра во средата наутро во утринската програма на телевизијата „Прва“, каде гостуваше српско-канадскиот режисер, продуцент и политички коментатор Борис Малагурски. Уште на самиот почеток тој ја праша водителката Анѓела Ѓурашковиќ зошто е поканет на телевизија која, според него, со години не му дозволувала настап.

„Зошто ме поканивте? Свесен сум дека бев забранет на речиси сите телевизии во Србија да зборувам за која било тема, па ме интересира што се промени сега?“, праша Малагурски.

Водителката одговори дека изборот на гости е работа на уредништвото и дека таа професионално ја извршува својата должност. Малагурски сепак не застана тука – продолжи со прашања, тврдејќи дека телевизиите со години известувале еднострано и дека постоеле списоци на подобни и неподобни гости.

Најнови вести од: Регион

Најнови вести

To top